Претпријатие за одржување
и заштита на магистралните и
регионалните патишта- Скопје
Број 03-278/1
29.07.2022 год.
Скопје
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР.74-O/2022
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА РАМКОВНА СПОГОДБА ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СТОКИ
Еластична ограда комплет, столбови и штрафови
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВНА НАБАВКА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
критериум за доделување на рамковната спогодба-најниска цена
(меѓународна објава)
Скопје, јули, 2022
Јавно претпријатие за одржување
и заштита на магистралните и
регионалните патишта- Скопјец.о.
Број 03-278/1
29.07.2022 год.
Скопје
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Јавно претпријатие за одржување и заштитата на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о., со адреса на ул.Даме Груев бр.14, телефон за контакт 02/3111843, факс 02/3138736, електронска пошта contact@makedonijapat.com.mk, има потреба од набавка на стоки:
Еластична ограда комплет, столбови и штрафови
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки со отворена рамковна постапка, во согласност со глава III подглавје 1 член 50 и глава III подглавје 2 член 57 став (6) и член 59 од Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр.24/2019 и „Службен весник на РСМ” бр.87/2021) за што објави оглас број-74-О/2022/ ЕСЈН бр.-----
Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 07.09.2022година во 10,00 часот(по локално време) исклучиво преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk), притоа следејќи ги упатствата дадени во “Прирачник за користењена ЕСЈН“ објавен на истата веб адреса во делот "Економски оператори".
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи рамковната спогодба, модел на рамковна спогодба, изјава за сериозност на понуда и образец на понудата.
Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпишана од страна на економскиот оператор со користење на дигитален сертификат[1]. Во хартиена форма може да се поднесе исклучиво документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
Oтворањето на понудите се врши електронски преку ЕСЈН и истото ќе биде јавно и ќе се одржи на 07.09.2022година во 10,00 часот (по локално време), во просториите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта,Скопје ц.о. со адреса на ул. Даме Груев бр. 14 Скопје
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје, 2022 година | Одговорно лице _____________________________ |
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1) Дефиниции
Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење :
1. „Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и еден или повеќе договорни органи чиј предмет е снабдување стоки, обезбедување услуги или изведување градежни работи;
2. „Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведуваат еден или повеќе договорни органи, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки, услуги или работи;
3. „Договор за јавна набавка на стоки“ е договор за јавна набавка чиј предмет е набавка на една или повеќе стоки, преку купување веднаш, купување со одложено плаќање или изнајмување со или без опција за купување на стоката. Договорот за јавна набавка на стоки може да вклучува и услуги за нивно поставување и вградување;
4. „Договор за јавна набавка на услуги“ е договор за јавна набавка чиј предмет е набавка на услуги, освен оние од точка 5 на овој став;
5. „Договор за јавна набавка на работи“ е договор за јавна набавка чиј предмет е:
а) изведување или проектирање и изведување работи поврзани со една или повеќе градежни активности;
б) изведување градба или проектирање и изведување градба и
в) реализација на градба со какви било средства, според барањата на договорниот орган, кој има одлучувачко влијание на видот или дизајнот на градбата;
6. „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки, услуги или работи;
7. „Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
8. „Кандидат“ е економски оператор кој бара да учествува или е поканет да учествува во ограничена постапка, конкурентна постапка со преговарање, постапка со преговарање со објавување оглас, постапка со преговарање без објавување оглас, конкурентен дијалог или во партнерство за иновации;
9. „Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
10. „Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
11. „Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
12. „Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
13. „Несоодветна пријава за учество“ е пријава за учество поднесена од кандидат кој треба да се исклучи бидејќи не ги исполнува условите за утврдување способност во постапката;
14. „Централизирани набавни активности“ се активности што се извршуваат континуирано во еден од следниве облици:
а) набавка на стоки и услуги наменети за повеќе договорни органи или
б) доделување договори за јавна набавка или рамковни спогодби за стоки, услуги или работи наменети за повеќе договорни органи;
15. „Помошни набавни активности“ се активности за поддршка на договорниот орган при вршење на неговите набавки, особено во следниве форми:
а) техничка инфраструктура која на договорниот орган му овозможува доделување договори за јавна набавка или рамковни спогодби за стоки, услуги или работи и/или
б) советување во врска со осмислувањето или спроведувањето на постапките за јавни набавки;
16. „Централно тело за набавки“ е договорен орган кој врши централизирани набавни активности и помошни набавни активности;
17. „Единствен документ за докажување на способноста“ е документ што го издава Централниот регистар на Република Северна Македонија и што содржи податоци со кои се докажуваат елементи од способноста на економскиот оператор;
18. „Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
19. „Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
20. „Животен век“ се сите последователни и/или меѓусебно поврзани фази, вклучувајќи ги потребните истражување и развој, производство, трговија согласно со условите, превоз, користење и одржување во текот на постоењето на производот или градбата или обезбедувањето на услугата, од стекнување на суровината или генерирање на ресурсите до расходување, уништување или завршување на услугата или употребата;
21. „Конкурс за избор на идејно решение“ е постапка која му овозможува на договорниот орган, главно во областа на просторното планирање, урбанистичкото планирање, архитектурата и градежништвото или обработката на податоци, да добие план или проект, кој ќе го избере жири комисија по распишување конкурс со или без доделување награди;
22. „Иновација“ е имплементација на нов или значително подобрен производ, услуга или процес, вклучувајќи ги процесите на производство и изградба, нов метод на пласман на пазарот или нов метод на организација во деловната пракса, организација на работното место или организација на надворешните односи, со цел да се помогне во решавањето на општествените предизвици;
23. „Ознака“ е секој документ, уверение или потврда што потврдува дека стоките, услугите, градежните работи, процесите или постапките ги исполнуваат утврдените барања;
24. „Услови за добивање ознака“ се услови кои стоките, услугите, градежните работи, процесите или постапките мора да ги исполнуваат за да добијат одредена ознака;
25. „Класичен јавен сектор“ е јавниот сектор кој не е опфатен со секторските дејности;
26. „Секторски дејности“ се дејности од областа на водоснабдувањето, енергетиката, транспортот и поштенските услуги, кои се опфатени во членовите 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17 од овој закон;
27. „Технички спецификации“ се:
а) во случај на јавна набавка на работи, збир на технички прописи содржани во тендерската документација со кои се дефинирани потребните карактеристики на материјалите, производите или стоките за да одговараат на употребата што му е потребна на договорниот орган; тие карактеристики вклучуваат влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и постапките за обезбедување квалитет, терминологијата, симболите, методите на тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на градбата; тие карактеристики, исто така, вклучуваат правила од проектот и правила за процена на трошоците, услови за тестирање, за инспекција и за прием на изведените работи, градежните методи или техники, како и сите други технички услови што договорниот орган има право да ги пропише во согласност со општите и посебните прописи во врска со градбата и вклучените материјали или деловите и
б) во случај на јавна набавка на стоки или услуги, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
28. „Стандард“ е документ подготвен со консензус и усвоен од страна на признаено тело со кој, заради заедничка и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и карактеристики за определени активности или резултати од тие активности, чија цел е постигнување најповолен степен на уредност во определено подрачје, и тоа:
а) „меѓународен стандард“ е стандард усвоен од меѓународна организација за стандардизација кој ѝ е достапен на јавноста,
б) „европски стандард“ е стандард усвоен од европска организација за стандардизација кој ѝ е достапен на јавноста и
в) „национален стандард“ е стандард усвоен од национално тело за стандардизација и е достапен на јавноста;
29. „Техничка референца“ е секој документ кој не е европски или национален стандард, а е издаден од национално или европско тело за стандардизација, кој е во согласност со постапки прилагодени на потребите на пазарот;
30. „Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
31. „Електронски пазар на набавки од мала вредност“ е електронска платформа во вид на електронски каталог со која управува Бирото за јавни набавки и која се користи за набавки од мала вредност согласно со условите од овој закон;
32. „Динамичен систем за набавки“ е систем кој се воспоставува како целосно електронски процес отворен во текот на целото времетраење за сите економски оператори што ги исполнуваат критериумите за утврдување способност, а кој се користи за вообичаени набавки кои се општо достапни на пазарот и кои ги исполнуваат потребите на договорниот орган;
33. „Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
34. „Пазарна цена“ е цената на релевантниот пазар земајќи ги предвид предметот на набавка, развиеноста на пазарот, условите од тендерската документација како што се начинот на плаќање, рокот на испорака, количините, гарантниот рок, средствата за обезбедување и слично;
35. „Заеднички поимник за јавни набавки CPV (во натамошниот текст: ЗПЈН)“ е единствен класификациски систем на номенклатури на стоки, услуги и работи што се применува во постапките за јавни набавки и кој обезбедува еднообразност со останатите постојни номенклатури за стоки, услуги и работи;
36. „Рамковна спогодба“ е писмена спогодба меѓу еден или повеќе договорни органи и еден или повеќе економски оператори со која се утврдуваат основните услови што ќе ги регулираат договорите за јавни набавки што треба да се доделат во определен период, особено во поглед на цената и ако е можно, предвидените количини;
37. „Одговорно лице кај договорниот орган“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице;
38. „Посебно или ексклузивно право“ е право доделено од надлежен орган врз основа на закон, подзаконски пропис или акт на управата, со кое се ограничува вршењето секторски дејности на еден или повеќе субјекти и кое значително влијае врз можноста други субјекти да вршат такви дејности;
39. „Државни органи“ се органите на државната управа и органите на законодавната и судска власт;
40. „Електронски каталог“ е организирана описна листа на стоки или услуги што ги нудат економските оператори преку ЕСЈН;
41. „Тело за оценка на сообразност“ е тело кое извршува дејности за утврдување сообразност, вклучително и калибрирање, тестирање, сертифицирање и инспекција, акредитирано согласно со материјалните прописи и
42. „Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
43. “Отворена постапка” е постапка која се спроведува во една фаза и може да се спроведе за секој предмет на набавка, при што секој заинтересиран економски оператор може да поднесе понуда со потребната документација за утврдување способност и сета друга документација согласно со условите од тендерската документација.
44. „Електронска аукција“ е повторувачки електронски процес, кој следи по целосна првична евалуација на понудите и овозможува рангирање на понудите со методите за автоматска евалуација.
ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1.1 Договорен орган
1.1.1 Договорен орган ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопјец.о., со седиште на адреса на ул.Даме Груев бр.14, (Плоштад ВМРО бр.7), телефон за контакт 02/3111-843, факс 02/3138-736, електронска адреса contact@makedonijapat.com.mk
1.1.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Магдалена Георгиевска, телефон за контакт 02/3111843, факс 02/3138736, со електронска адреса:magde@makedonijapat.com.mk, ruska@makedonijapat.com.mk, а лица за контакт кај договорниот орган во врска со техничката спецификација за овој вид на набавка е Стојан Попов електронска адреса avtopat@makedonijapat.com.mk моб.тел.076 420 600
1.2 Предмет,деливост на набавката
1.2.1 Предмет на договорот е набавка настоки:
Еластична ограда комплет, столбови и штрафови (Заштитни системи за задржување на возила), за замена на постоечките огради кои се дотраени или оштетени на Државните патишта во Р.С. Македонија.
Детали за предметот на набавката дадени се во Техничката спецификација која е составен дел од оваа ТД и останатите услови и барања кои произлегуваат од оваа ТД.
1.2.2 Предметот на набавка не е делив,според Техничка спецификација. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
Понудувачот не може да ги дели составните елементи на делот. За предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk). Предмет на аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ.
1.3. Вид на постапка, користење на ЕСЈН и вид на договор:
1.3.1 Рамковната спогодбаза јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката, согласно член 59 од ЗЈН („Службен весник на РМ“ бр.24/2019 и „Службен весник на РСМ” бр.87/2021).
1.3.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (https://www.e-nabavki.gov.mk).
1.3.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.3.4 Договор за јавна набавка: Стоки
1.4. Посебни начини за спроведување на постапката
1.4.1 Оваа постапка ќе заврши со склучување на рамковна спогодба.
1.4.2 Рамковната спогодба ќе се склучи за времетраење од 1 година.
1.4.3 Рамковната спогодба ќе се склучи со еден економски оператор, а поединечните договори ќе се доделуваат во согласност со условите од рамковната спогодба.
1.4.4 Поединечните договори за јавни набавки ќе се склучат пред истекот на рокот на рамковната спогодба.
1.4.5 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.4.6 Рамковната спогодба ќе се додели со користење електронска аукција, со цел добивање нови цени коригирани надолу.
1.4.7 Предмет на електронската аукција ќе биде само цената, како критериум за избор на најповолна понуда. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во постапката.
1.4.8 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
1.4.9 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.4.10 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
1.4.11 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
1.5.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019 и „Службен весник на РСМ” бр.87/2021) и важечките подзаконски акти, како и материјалните прописи кои го уредуваат предметот на набавка.
1.6.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Годишната Програма за одржување и заштита на Државни патишта со ЈПДП за 2022 година и од сопствени средства.
1.7 Право на учество
1.7.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое, преку ЕСЈН презело тендерска документација од Договорниот Орган.
1.7.2.Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма.
Составен дел на групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка, а кој особено ги содржи следниве податоци:
- Членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
- Членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
- Членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата
- Членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција доколку е предвидено во тендерската документација,
- Краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот и
- Други податоци кои договорниот орган ќе ги утврди во тендерската документација.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда, сите членови на групата на групата треба да бидат регистрирани на ЕСЈН[2].
1.7.3.Членовитена групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи
Носителот на групата задолжително ги потпишува со дигитален сертификат: понудата, потребните изјави и целокупната документација која самиот ја изготвува и потпишува. Доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, потребните изјави и документацијата која тие ја изготвуваат и потпишуваат може да биде своерачно потпишана и доставена во скенирана електронска форма
1.7.4 Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку:
- е носител на групата економски оператори,
- ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција
- групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
- Другите членови од групата солидарно не ги преземат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
1.7.5.Повлекувањетона членот од групата економски оператори спротивно на претходната точка се смета за повлекување на групната понуда.
1.7.6.Договорниоторган, по извршениот избор на најповолна понуда, од групата економски оператори може да побара, тие да се здружат во соодветна правна форма заради извршување на договорот.
1.7.7.Лицатакои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот. Учеството во техничкиот дијалог не се смета за учество во изработка на тендерската документација.
1.7.8.Економскиотоператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, немаат право на учество.
1.7.9.Економскиотоператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понудаили во една пријава за учество. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда/пријава за учество или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда/пријава за учество.
1.7.10.Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.7.11.Доколкупонудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
1.7.12. За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН[3],.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки
1.8 Трошоци за поднесување на понуда
1.8.1.Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.9. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.9.1 За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда е оценета како прифатлива и чија понуда е економски најповолна понуда утврдена врз основа на
Цената……………………………...... 100 бода
Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.9.2.Евалуацијатана понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр.41/08).
1.10. Спречувањена судир на интереси, однесување на службени лица
1.10.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.10.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.10.3.Вопостапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице, се придржуваат кон Кодексот на однесување при спроведување на јавните набавки, донесен од Министерот за финанси, ипотпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.10.4.Вослучај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.10.5.Вослучај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.11 Начин на комуникација
1.11.1.Секоја комуникација и размена на информации согласно со одредбите на Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019 и „Службен весник на РСМ” бр.87/2021), а особено поднесувањето на понудите, се вршат со користење електронски средства преку ЕСЈН.
Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.11.2. По исклучок од точка 1.11.1., договорниот орган не е должен да бара користење електронски средства преку ЕСЈН во следниве случаи:
а) доколку поради посебна природа на предметот на набавка, за користење електронски средства преку ЕСЈН би биле потребни одредени алатки, уреди или формати на датотеки што не се широко достапни или што не се поддржани од општо достапниот софтвер,
б) доколку за програмите кои ги поддржуваат форматите на датотеки погодни за опис на понудите се користат формати на датотеки кои не можат да бидат обработени од страна на кој било друг отворен или општо достапен софтвер, или доколку истите се заштитени со лиценца и договорниот орган не може да обезбеди нивно преземање или користење оддалеку,
в) доколку со тендерската документација се бара поднесување мостри и макети кои не може да се поднесат по електронски пат и
г) кај постапката со преговарање без објавување оглас, конкурсот за избор на идејно решение, набавката на посебни услуги, како и при водењето преговори или дијалог во постапките што вклучуваат фаза на преговори или дијалог.
Договорниот орган, кој согласно наведеното дозволува поднесување на понудата со користење други средства за комуникација ги образложува причините за таквата одлука.
1.11.3. Комуникацијата која согласно со случаите од потточка 1.11.2 не се врши со користење електронски средства преку ЕСЈН, се врши лично, преку овластен давател на поштенски услуги или преку друга соодветна курирска служба или во комбинација со користење електронски средства преку ЕСЈН.
1.11.4. По исклучок од потточка 1.11.1, договорниот орган не е должен да бара користење електронски средства преку ЕСЈН при поднесувањето на понудата, доколку користењето друг начин на комуникација е неопходен, поради нарушување на безбедноста на ЕСЈН, или поради заштита на безбедносно-осетливи информации кои бараат ниво на заштита кое не може соодветно да се обезбеди со користење електронски средства преку ЕСЈН.
1.11.5.Понудите може да се разгледуваат само по истекот на рокот за нивното поднесување.
1.11.6.Договорниот орган прифаќа електронски потписи согласно со прописите што ја уредуваат електронската идентификација.
1.11.7. Корисниците на ЕСЈН се исклучиво одговорни за точноста на внесените податоци во ЕСЈН.
1.12 Јазик
1.12.1. Тендерската документација е достапна на : македонски јазик
1.12.2. Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик
1.12.3. Придружната документација (за утврдување способност) се доставува на македонски јазик, јазикот на понудувачот со задолжителен превод на македонски јазик.
1.12.4. Документација за квалитативен избор се доставува на македонски јазик, јазикот на понудувачот со задолжителен превод на македонски јазик.
1.12.5. Договорот за јавна набавка ќе биде склучен на македонски јазик
1.13 Информации од доверлив карактер(заштита на податоци)
1.13.1.Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
1.13.2. Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3.Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
1.13.4.По конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката, сите документи од постапката за јавна набавка, освен податоците кои се деловни тајни, класифицирани информации и лични податоци се сметаат за информации од јавен карактер.
1.13.5. За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации даден во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.6. Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.7. Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
1.13.8. Пред конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката не се применуваат прописите кои го уредуваат пристапот до информации од јавен карактер.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
УТВРДУВАЊЕ СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКИТЕ
2.1 Услови за утврдување способност (Член 87 од ЗЈН)
2.1.1 При утврдување на способноста на економските оператори, договорниот орган утврдува (согласно член 88, 89, 90, 91,92,93 и 94) :
- дали постојат причини за исклучување од постапката,(член 88 од ЗЈН)
- дали се исполнети условите за квалитативен избор утврдени во членовите ,(член 89 од ЗЈН)
- способност за вршење професионална дејност;(член 90 од ЗЈН)
- техничка и професионална способност (член 92 од ЗЈН)
2.2 Причини за исклучување од постапката (Член 88 од ЗЈН):
2.2.1 Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот оператор :
- доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од следниве кривични дела утврдени во Кривичниот законик:
- учество во злосторничко здружување,
- корупција,
- затајување даноци и придонеси,
- тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности,
- перење пари и финансирање тероризам и
- злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе.
2.2.2 Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот
оператор:
а) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
б) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
в) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
г) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
д) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
ѓ) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
2.2.3 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци од членот 101 став (13) од Законот за јавни набавки.
2.2.4. Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка:
a) доколку договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) доколку економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со тој договорен орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, наплата на банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот, барање оштета, барање наплата пенали/договорна казна, или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
в) доколку економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
2.3 Докажување на способноста способностаза непостоење на причини за исклучување од постапката (Член 95 од ЗЈН)
2.3.1 Економските оператори доставуваат единствен документ за докажување на способноста и/или потврди, изјави и други документи наведени во член 95 од ЗЈН, како доказ дека:
- не постојат причини за исклучување утврдени во точка 2.2 од оваа ТД односно во членот 88 од ЗЈН
2.3.2 Како документи дека не постојат причини за исклучување од точка 2.2 од оваа ТД односно членот 88 од ЗЈН, договорниот орган ги прифаќа следниве документи:
а) во врска со точка 2.2.1 (член 88 став 1 од ЗЈН) изјава на економскиот оператор или единствен документ за докажување на способноста;
• изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните делаучество во злосторничко здружување, корупција,затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе,утврдени во Кривичниот законик
б) во врска со точка 2.2.2 (член 88 став 2 од ЗЈН), потврда издадена од надлежен орган во Република Северна Македонија или од друга земја во која е регистриран економскиот оператор или единствен документ за докажување на способноста;
• потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност
• потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност
• кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.3.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
2.3.3. Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од алинеја 5, 6 и 7 од потточка 2.3.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Северна Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Северна Македонија.
2.3.4. Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Северна Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.3.5. Потврдите од алинеја 8 и 9 од потточка 2.3.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Северна Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Северна Македонија.
-во врска со точка 2.2.3 (член 88 став 3 од ЗЈН), извод од листата на негативни референци која договорниот орган ја обезбедува од ЕСЈН.
2.3.6 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите од точка 2.3.2 од оваа ТД (од ставот (4) на член 95 од ЗЈН), или ако тие не ги опфаќаат сите случаи од членот 88 на ЗЈН, договорниот орган прифаќа изјава што економскиот оператор ја заверува кај надлежен орган (нотар или сл.) во која ќе појасни кои документи не се издаваат, кои евентуално документи се издаваат како замена на бараните, и истите ќе ги достави.
2.3.7 Документите од членот точките 2.2.1 и 2.2.2 (член 88 ставови ( 1) и( 2) од ЗЈН) не смее да бидат постари од шест месеци од крајниот рок за поднесување понуди или пријави за учество.
2.3.8 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата способноста за неисклучување од постапката.
2.3.9 Доколку економскиот оператор или групата економски оператори користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, доставува документација за утврдување способност за неисклучување од постапката, за секој од предложените подизведувачи
2.3.10 Договорниот орган задржува право, дополнително да ја провери веродостојноста на доставените документи
2.4 Услови за квалитативен избор на економските оператори за овој вид на постапка
2.4.1. За да ги докаже условите за квалитативен избор економскиот оператор треба да исполни условите за квалитативен избор:
а) способност за вршење професионална дејност (член 90 од ЗЈН)
2.4.1.1.Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, договорниот орган бара секој економски оператор да достави доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4.1.2.Како доказ за исполнување на условите за професионална способност економскиот оператор задолжително доставува:
- потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка. Во Република Северна Македонија надлежен орган за издавање на овој документ е Централниот регистар на Република Северна Македонија
2.4.1.3. Договорниот орган задржува право, дополнително да ја провери веродостојноста на доставените документи.
б) техничка и професионална способност
2.4.2.1. За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
- CE сертификат -ознака за избраниот тип на ограда кој треба да се замени (оштетен или дотраен) кој се издава од страна на меѓународна акредитирана институција (МКС ЕН 1317-5) или еквивалентно.
- DoP декларација за перформансите на заштитната ограда од производителот
- Важечки FPC (документ за фабричка контрола на производството на заштитната ограда) односно сертификат со извештај (како доказ за обновување на CE сертификатот)
- FPC -документ за фабричка контрола на производството на заштитната ограда
- Стандард MKS EN1317-5 или еквивалент за браникот, столбовите, кутијастите профили и одстојниците (сите клучни елементи на заштитната ограда)
2.4.2.2. Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 2.4.2.1. со доставување на:
- CE сертификат издаден од меѓународна акредитирана институција или со изјава од Економскиот оператор за конформност(усогласеност) на испорачаниот тип на заштитна ограда, со постоечкиот тип.
- DoP документ -декларација за перформансите на понудената заштитната ограда од производителот
- Важечки FPC (документ за фабричка контрола на производството на заштитната ограда) односно сертификат со извештај (како доказ за обновување на CE сертификатот)
-Документ за потврдување на Стандардот MKS EN1317-5 или еквивалент за браникот, столбовите, кутијастите профили и одстојниците (сите клучни елементи на заштитната ограда)
2.5 Користење способност од други субјекти
2.5.1. Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка, заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на економската и финансиската состојба и техничката и професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти, без оглед на правните врски помеѓу нив.
2.5..2. Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка да ја користи способноста на друг субјект за докажување на исполнетоста на условите за квалитативен избор во врска со образовните и стручните квалификации или релевантно стручно искуство само доколку другиот субјект ќе ги изведува работите или ќе ги обезбедува услугите за кои се бара такватаспособност.
2.5.3. Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со валиден доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
2.5.4. Ако економскиот оператор користи способност од друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со валиден доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните ресурси. Како валиден доказ дека субјектот ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните ресурси ќе се земат во предвид само конкретизирани договори за деловно – техничка соработка кои се уредно архивски заверени, со потпис и печат од двете договорни страни или дигитално потпишани од двете договорни страни, а доколку некој од страните не поседува дигитален сертификат истиот да го потпише и печатира во хартија кои се повикуваат на бројот на огласот и конкретниот предмет на набавка за кој се однесува отстапувањето како и конкретно на кои ресурси се однесува поддршката
2.5.5 Договорниот орган проверува дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување.
2.5.6 Доколку економскиот оператор користи способност од друг субјект во однос на условите што се однесуваат на економската и финансиската состојба, договорниот орган може да побара економскиот оператор и субјектот кој дава поддршка да преземат солидарна одговорност заизвршување на договорот.
ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Достапност на тендерската документација
3.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
3.2 Појаснување на тендерската документација
3.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“ на ЕСЈН, најмалку осум дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
3.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
3.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
3.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од шест дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
3.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните осум дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
4.1 Содржина на понудата
4.1.1.Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма, и се состои од следниве елементи:
Каталог од производителот (табели и цртежи на понудените типови на заштитните огради -комплет со сите составни елементи .
-пополнет образец на техничка понуда која треба да биде пополнета согласно сите утврдени барања (Прилог бр.2),
-Упатство за вградување
-документација со која се докажува дека не постојат причини за исклучување од постапката во врска со членот 88 од ЗЈН став (1) од Законот за јавните набавки
-документи за утврдување дека не постојат причини за исклучување наведени во потточка 2.3. во врска со членот 88 од ЗЈН став (2)
-доказ/-и за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност (Член 90 од ЗЈН) наведен во точка 2.4.1. (а) од тендерската документација;
-доказ/-и за утврдување на техничка и професионална способност (Член 92 од ЗЈН) наведен во точка 2.4.1. (б) од тендерската документација;
- CE сертификат издаден од меѓународна акредитирана институција или со изјава од Економскиот оператор за конформност(усогласеност) на испорачаниот тип на заштитна ограда, со постоечкиот тип.
- DoP документ -декларација за перформансите на понудената заштитната ограда од производителот
- Важечки FPC (документ за фабричка контрола на производството на заштитната ограда) односно сертификат со извештај (како доказ за обновување на CE сертификатот)
-Документ за потврдување на Стандардот MKS EN1317-5 или еквивалент за браникот, столбовите, кутијастите профили и одстојниците (сите клучни елементи на заштитната ограда)
- изјава за сериозност на понудата (Прилог бр.3),
- листа на доверливи информации (Прилог бр.4) ако нема доверливи информации, образецот не мора да се пополнува,
- договор за групна понуда (само за група на економски оператори)
- писмено овластување за претставникот на Понудувачот(Прилог бр.5),
- известување за ангажирани подизведувачи (Прилог бр.6)
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врзоснова на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да достави дополнение на својата понуда како посебен документ.
4.1.3 Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудатасе доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор за целосна реализација на предметот на набавка на паритет ДДП место на реализирање на договорот и да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
4.3.2 Економскиот оператор во Образец на понуда во прилог ја внесува вкупната единечната цена на набавката
4.3.3 Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество”, панел „Податоци од понудата”, во полето за внесување на цената.
4.3.4 Рамковната спогодба ќе се склучи до износот на средства потребни за реализација на Договорот, согласно Одлуката за Јавна Набавка
4.3.1 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари. Странскиот понудувач е слободен, понудата да ја изрази во странска конвертибилна валута, која се пресметува по среден курс на НБМ, според курсната листа објавена 14-иот ден пред крајниот ден за доставување на понуди.
4.4.2 Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите. Курсната листа која ќе се користи е курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија, а курсевите за размена се оние кои важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 180 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6. Гаранции / Изјава за сериозност на понуда
4.6.1 Изјава за сериозност на понуда
4.6.1.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата (Прилог бр.3), при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација.
4.6.1.2 Со изјавата за сериозност на понудата, понудувачот изјавува дека нема да ги преземе дејствијата од ставот (6) на член 101 од ЗЈН. Доколку понудувачот ја прекрши дадената изјава, договорниот орган го исклучува од натамошната постапка и постапува согласно со ставот (7) член 101 од ЗЈН.
4.6.1.3 Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.1.4 Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.
4.6.1.5 Негативната референца договорниот орган ја објавува во рок од три работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
4.6.2 Гаранција за квалитетно извршување врз основа на склучена рамковна спогодба
4.6.2.1 Услов за потпишување на поединечен договор со носителот на рамковната спогодба е обезбедување банкарска гаранција од страна на носителот на набавката за извршување на набавката во износ од 5% од вредноста на секој поединечен договор со важност од плус 7 (седум) дена од важноста на секој поединечен договор.
4.6.2.2 Гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот му се враќа на носителот на рамковната спогодба во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на договорот за јавна набавка.
4.6.2.3 Гаранцијата треба да биде издадена од банка, поднесена во оригинална писмена форма (копии не се прифаќаат), со важност до целосното реализирање на договорот плус 7 (седум) дена од важноста на секој поединечен договор.
4.6.2.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
4.6.2.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот нарачка. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
4.6.2.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 7 работни дена од добиеното известување, а со склучување на договорот.
4.6.2.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок и тоа: по пошта или лично на лицето за контакт од тендерската документација.
4.6.2.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката.
4.6.2.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот.
4.6.2.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
4.7 Гаранција за авансно плаќање:
4.7.1 Во оваа постапка не е предвидено авансно плаќање.
4.8 Форма и потпишување на понудата
4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати:
- Понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
-Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија.
- Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 услова:
-Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или
-Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертификат како да го издал самиот или
-Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓународен договор склучен помеѓу Република Северна Македонија и друга земја или меѓународна организација.
4.8.3. Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот.
4.8.4 Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
4.8.5 Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на управителот;
б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот и потпишано со дигитален сертификат на носителот на полномошното
4.8.6 Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.
4.8.7 Согласно Правилникот за начинот на користење на Електронскиот систем на јавни набавки (Сл. Весник на РСМ бр.64/2019 година и Правилник за изменување на Правилникот за начинот на користење на Електронскиот систем на јавни набавки (Сл. Весник на РСМ бр.271/2019 година) согласно член 9, со квалификуван сертификат за електронски потпис, се потпишуваат документите што самиот економски оператор ги составува. Останатите документи кои се бараат во постапката, а кои се издадени од други органи се приложуваат во оригинална електронска форма или во скенирана форма доколку се издадени во хартија
4.9 Начин на доставување на понудата и придружната документација
4.9.1 Понуди можат да достават само економските оператори кои ја презеле тендерската документација преку ЕСЈН.
4.9.2 Економскиот оператор понудата ја доставува во електронска форма преку ЕСЈН.
4.9.3 Економскиот оператор придружната документација ја доставувапреку ЕСЈН, во скениранаелектронска форма. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесатдокументацијаво нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите доколку иститесе преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.9.4 По исклучок, договорниот орган не е должен да бара користење електронски средства преку ЕСЈН во следниве случаи:
а) доколку поради посебна природа на предметот на набавка, за користење електронски средства преку ЕСЈН би биле потребни одредени алатки, уреди или формати на датотеки што не се широко достапни или што не се поддржани од општо достапниот софтвер;
б) доколку за програмите кои ги поддржуваат форматите на датотеки погодни за опис на понудите се користат формати на датотеки кои не можат да бидат обработени од страна на кој било друг отворен или општо достапен софтвер, или доколку истите се заштитени со лиценца и договорниот орган не може да обезбеди нивно преземање или користење оддалеку;
в) доколку со тендерската документација се бара поднесување мостри и макети кои не може да се поднесат по електронски пат.
Бараната-придружната документација која не е достапна во електронска форма, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- e адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 07.09.2022година во 10,00 часот (по локално време).
4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса:
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
4.10.4 Документите кои ЕО ги доставува во хартиена форма треба да бидат доставени заклучно со истиот краен рок од Точка 4.9.1 од ТД.
4.11Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.9.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата.
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.9.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со наплатување на гаранцијата на понудата, согласно точка 4.6.5 и издавање на негативна референца.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице на следнава адреса ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиштата Скопје ул. Плоштад ВМРО бр.7(ул. Даме Груев бр. 14), 1000 Скопје.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 07.09.2022година во 10,00 часот (по локално време), во просториите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиштата Скопје ц.о. Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно член 108 Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според тендерската документација и дали се дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, коисогласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Самопопустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да бидеотфрлена на отворањето на понудите.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.(член 59 став (16) зјн).
5.1.7 Пред да пристапи кон евалуација на понудите, комисијата изготвува записник од отворањето на понудите во кој се внесуваат следниве податоци:
- за договорниот орган,
- времето на отворање на понудите,
- повикувањето на бројот на огласот,
- името и презимето на членовите на комисијата или нивните заменици,
- бројот на примените понуди,
- називот (името) на понудувачите,
- понудените цени,
- забелешките на понудувачите и
- други информации што ги смета за потребни.
Записникот го потпишува претседателот на комисијата или неговиот заменик.
ЕСЈН го прави достапен записникот од отворањето на понудите на сите понудувачи кои доставиле свои понуди веднаш по неговото прикачување на системот.
5.1.8 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија” бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација. Комисијата не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања. Барањето од Комисијата за појаснување и одговорот се во електронска форма преку ЕСЈН– модул „Појаснување/дополнување на поднесени документи”.
5.3.2 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рокот кој го определила комисијата.
5.3.3 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува
5.3.4 Никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се дозволат од страна на комисијата или од понудувачот.
5.3.5 Комисијата може да бара директно од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик и за истото да одреди примерен рок.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
1)каде што има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
2)доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
3)доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
4)во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
5.5 Невообичаено ниска цена
5.5.1 Договорниот орган бара од економскиот оператор, во примерен рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на цента на стоките што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.5.2 Договорниот орган, во секој случај бара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.5.3 Објаснувањето од претходната точка особено се однесува на:
5.5.4 Договорниот орган ја отфрла понудата само доколку објаснувањето или доставените докази не се доволни да се оправда ниската понудена цена или трошоци, земајќи ги предвид елементите од претходната точка.
5.5.5 Договорниот орган ја отфрла понудата доколку утврди дека истата има невообичаено ниска цена бидејќи не ги исполнува применливите обврски за заштита на животната средина, социјална политика и за заштита на трудот кои произлегуваат од прописите во Република Северна Македонија, колективните договори и од меѓународните договори и конвенции кои се ратификувани во Република Северна Македонија.
5.5.6 Ако договорниот орган утврди дека цената на понудата е невообичаено ниска бидејќи понудувачот добил државна помош, понудата може да биде прифатена ако по барање дополнителни појаснувања, понудувачот докаже дека му била доделена државна помош во рок од три дена од денот на приемот на барањето.
5.6 Евалуација на понудите
5.6.1 Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира.
5.6.2 Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и доставените понуди.
5.6.3 Доколку е потребно Комисијата во својата работа може да вклучи надворешни стручни лица согласно.
5.6.4 Понудите кои не ги исполнуваат минималните барања за способност на економските оператори ќе бидат отфрлени.
5.6.5 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1. 1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, рамковната спогодба му ЈА доделува на економскиот оператор чија понуда има економски најповолна понуда.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда.
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.5 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач,доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
6.1.6 Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, електронската аукција нема да биде спроведена. (член 59 став (16) зјн ).
6.1.7.Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на рамковната спогодба или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи рамковна спогодба со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда. При тоа договорниот орган го задржува правото да ја активира дадената Изјава за сериозност на понудата и да издаде негативна референца за понудувачот.
6.2 Известување за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање.Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од три дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената
6.3 Склучување на рамковната спогодба за јавна набавка
6.3.1 Договорниот орган ќе ја достави рамковната спогодба за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
6.3.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска даја потпише рамковната спогодба за јавна набавка во рок од 7(седум) дена од денот на добивање на рамковната спогодба и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.3.3. Рамковната спогодба за јавна набавка особено ќе содржи:
- Рок, динамика на извршување,
- Место на извршување,
- Рок и услови на плаќање,
- Траење на рамковната спогодба: 1 (една) година или до вредносно исполнување.
- Банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот.
6.3.4. Доколку избраниот најповолен понудувач не ја потпише рамковната спогодба за јавна набавка во рокот утврден во точка 6.3.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира гаранцијата на понудата/ Изјавата за сериозност и да издаде негативна референца.
6.3.5. Избраниот најповолен понудувач има обврска да ја потпише склучената рамковна спогодба за јавна набавка во рок од 7 (седум) работни дена и истата да му ја врати на договорниот орган заедно со банкарската гаранција за квалитетно извршување на рамковната спогодба во неговата архива.
6.3.6. Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на рамковната спогодба или дојде до раскинување заради ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи рамковната спогодба со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.При тоа договорниот орган го задржува правото да ја активира дадената Изјава за сериозност на понудата и да издаде негативна референца за понудувачот.
6.4 Извршување на рамковната спогодба
6.4.1 Договорните страни ја извршуваат рамковната спогодба за јавна набавка согласно со условите утврдени во оваа тендерска документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган е должен да врши контрола дали извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 На одговорноста на договорните страни за исполнување на договорните обврски, покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно се применуваат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.
6.4.4 Носителот на набавката може дел од рамковната спогодба за јавна набавка да додели на подизведувач и за време на извршувањето на рамковната спогодба за јавна набавка, од договорниот орган да побара:
- промена на подизведувачите за оној дел од рамковната спогодба за јавна набавка кој претходно го отстапил на подизведувачи,
- воведување еден или повеќе нови подизведувачи чиј вкупен удел не смее да надмине 30% од вредноста на рамковната спогодба за јавна набавка без вклучен ДДВ, без оглед дали претходно отстапил дел од договорот на подизведувачи или не,
- преземање на извршувањето на дел од рамковната спогодба за јавна набавка кој претходно го дал на подизведувач.
6.4.5 Во случај на вклучување нови подизведувачи, носителот на набавката, заедно со барањето, ги обезбедува податоците и документите од точка 1.9.2 од оваа ТД.
6.4.6 Договорниот орган не смее да го одобри барањето на носителот на набавка:
- во случаите од алинеи 1 и 2 од точка 6.4.5 од оваа ТД, доколку носителот нанабавката во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот кој гоменува, а новиот подизведувач не ги исполнува истите услови или постојат причини за исклучување,
- во случаите од алинеја 3 од точка 6.4.5 од оваа ТД, ако носителот на набавка во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот за да ја докаже својата способност, а самиот носител на набавката не ги исполнува тие услови или ако тој дел од договорот е веќе извршен.
6.4.7 Договорниот орган може да го одбие предлогот за замена на подизведувач, односно вклучување нов подизведувач, доколку тоа може да влијае на непреченото изведување или завршување на работите.
6.4.8 За одбивањето на подизведувачот, договорниот орган го известува носителот на набавката во рок од десет дена од денот на приемот на барањето.
6.4.9 Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за договорниот орган и за носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од овој закон, при што:
- подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на носителот на набавката ќе ги покрие договорниот орган,
- носителот на набавката, во прилог на неговата фактура или времена ситуација, ги приложува фактурите или времените ситуации на подизведувачот кои претходно ги одобрил.
6.4.10 Доколку не е предвидено директно плаќање на подизведувачите, договорниот орган бара од носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за набавените услуги, обезбедените услуги или изведените работи, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на договорниот орган на носителот на набавката.
6.5 Измена на рамковната спогодба за јавна набавка во текот на нејзината важност
6.5.1 Во текот на реализацијата на рамковната спогодба може да дојде до нејзино менување само согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање вирмански, одложено 60 дена. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Место и рок на испорака
7.2.1 Место на испорака: главен магацин во Подружница Автопат
7.2.2 Рокот на испорака: Носителот на набавката е должен да ја испорача стоката франко магацин на локација на Договорниот орган - Подружница Автопат во рок од 10 (десет) дена од денот на писмената нарачка од страна на ДО.
Испораката на материјалите кои се предмет на оваа набавка ќе биде комлет на заштитна ограда (браници, столбови, одстојници, штрафови) и сите други составни елементи на заштитната ограда, дадени во Техничката Спецификација по единица мерка м (метар),заедно со сите елементи на заштитната ограда, кои се прикажани во Техничката спецификација( скици и табели) од оваа тендерска постапка.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 При реализација на рамковната спогодба за јавна набавка може да дојде до корекција на цените на предметот на набавка, при што корекцијата е дозволена доколку истата не е поголема од 15% од вредноста искажана во понудата.
7.3.2. Корекција на цените ќе се изврши на барање на која било од договорните страни. Договорната страна смее да бара корекција на цени најрано 30 дена по последната корекција на цени извршена на барање на таа договорна страна, на следниов начин:
1. Барање за корекција со прилог доказ официјален меил, известување за зголемување/намалување (соодветен официјален документ) .
7.3.3. Како релевантен доказ за промената на цената на предметот на договорот за јавна набавка ќе се користи: прилог доказ официјален меил од сертифицираниот производител, известување за зголемување/намалување (соодветен официјален документ), официјални берзански податоци и други документи релевантни за соодветните цени на производите.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансноплаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно и навремено извршување на склучена рамковна спогодба за јавна набавка:
7.4.1 Услов за потпишување на поединечен договор со носителот на рамковната спогодба е обезбедување банкарска гаранција од страна на носителот на набавката за извршување на набавката во износ од 5% од вредноста на секој поединечен договор со важност од плус 7 дена од важноста на секој поединечен договор.
7.4.2 Гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот му се враќа на носителот на рамковната спогодба во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на договорот за јавна набавка.
7.4.3 Гаранцијата треба да биде издадена од банка, поднесена во оригинална писмена форма (копии не се прифаќаат), со важност до целосното реализирање на договорот.
7.4.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.4.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот нарачка. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
7.4.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 7 работни дена од добиеното известување, а со склучување на договорот.
7.4.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок и тоа: по пошта или лично на лицето за контакт од тендерската документација.
7.4.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката.
7.4.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот.
7.4.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
7.5 Елементи во рамковната спогодба кои произлегуваат од спроведената аукција
7.6.1 По завршувањето на електронската аукција, и изборот на најповолен понудувач, единечната цена на предметот на набавката ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
8 ПРАВНА ЗАШТИТА
8.1 Согласно глава 138 од Законот за јавни набавки, секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка во рок од 5 (пет) дена согласно условите од член 143 став 1 од ЗЈН.
8.2 Економскиот оператор поднесува жалба согласно член 155 и 165 од ЗЈН
8.3 Правна заштита може да бара и Бирото за јавни набавки и државниот правобранител на Република Северна Македонија, кога ги штитат интересите на државата или јавниот интерес.
8.4 Субјектите од претходните две точки имаат право да изјават жалба до ДКЖЈН.
8.5 Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката7.2 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
8.6 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
8.7 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи согласно член 155 од ЗЈН:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице и печат.
8.8 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
8.9 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Северна Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
8.10 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата и тоа:
- до 10.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 50 евра во денарска противвредност,
- од 10.000 до 70.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 70.000 до 130.000 евра во денарска противвред-ност, надоместок од 150 евра во денарска противвредност или
- над 130.000 евра во денарска противвредност, на-доместок од 200 евра во денарска противвредност.
8.11 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
8.12 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Северна Македонија.
8.13 Поднесената жалба го одложува склучувањето на договорот за јавна набавка и рамковната спогодба до конечноста на одлуката на Државната комисија:
8.14 Доколку предметот на набавка е поделен на делови, жалбата изјавена против одлуката за избор го одложува склучувањето на договорот или рамковната спогодба за оној дел од предметот на набавка против кој е изјавена жалбата.
9 Поништување на постапката
9.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка (согласно член 114 од ЗЈН) за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Бирото да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
9.2 Во случај на поништување на постапката за јавна набавка врз основа на ставот (1) алинеја 7 од Членот 114 на овој член, договорниот орган не смее да спроведе нова постапка за истиот предмет на набавка во период од една година од денот на донесувањето на одлуката за поништување на постапката.
9.3 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
9.4Договорниот орган објавува известување за поништување на дел или на целата постапка за јавна набавка на ЕСЈН во рок од десет дена од денот на поништувањето на постапката.
10 Завршување на постапката за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка
10.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
10.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.
II. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
За еластична ограда комплет, браници, преодни конструкции, завршни конструкции, столбови, четириаголни профили, одстојници, плочки и спојници, завртки (сите елементи на оградата што се дадени во Техничката спецификација) ,за замена на стара дотраена и ошетена заштитна ограда и за нови кратки делници.
Заштитната ограда која е предмет на оваа набавка се употребува за одржување на стара дотраена или оштетена заштитна ограда која е предходно поставена при изградба на Државните патишта во Р.С. Македонија и за вградување на нови кратки делници. Истата при изградба не е од исти тип (не е уедначена),заради што во оваа тендерска постапка предмет на набавка се повеќе типови на заштитна ограда дадени со свои ознаки, наведени подолу во Техничката спецификација во табели и цртежи.
Цената на заштитната ограда треба да се даде во должен метар, комплет со сите елементи што се составен дел на типот на оградата кој ќе биде порачан од Договорниот орган.
Заштитната ограда мора да биде во согласност со стандардот МКС ЕН1317 (1, 2 и 5) или еквивалент, а во согласност со Техничкото упатство за примена на системот за задржување на возилата на Државните патишта во Република С.Македонија (објавено во 2018 год. од страна на Јавното претпријатие за одржување на Државните патишта во Р.С. Македонија) и во согласност со цртежите и описите, дадени во оваа Техничка спецификација или еквивалентно на тоа.
Економскиот оператор е должен, за секоја заштитна ограда, да ја достави следната документација:
- Каталог од производителот од заштитната ограда и цртеж од браникот (како доказ дека гредата на заштитната ограда e во согласност со горе наведеното техничко упатство и со цртежите од Техничката спецификација, дадени во прилог).
- CE сертификат (издаден од страна на сертификувано тело)
- Извештај од тестот со удар
- DoP (декларација за перформансите на заштитната ограда)
- Упатство за вградување
- Важечки FPC (документ за фабричка контрола на производството на заштитната ограда) односно сертификат со извештај (како доказ за обновување на CE сертификатот)
Елементи на заштитната ограда
Сите елементи на заштитната ограда мора да бидат изработени од материјали во согласност со цртежите составен дел на оваа Техничка спецификација или еквивалентно на тоа.
Сите елементи на заштитната ограда мора да бидат заштитени со топло поцинкување во
согласност со стандардот EN ISO 1461 или еквевалентно .
Браникот, столбовите, кутијастите профили и одстојниците (сите клучни елементи на заштитната ограда) мораат да носат ознака на производителот, идентитетски број и датум на производство, согласно со стандардот MKS EN1317-5 или еквевалент.
Да се достави документ со кој се потврдува горенаведениот стандард или еквивалент.
Табели за еластична (заштитна) ограда со сите елементи
Р.Број | Заштитна ограда | Ед.мерка | Цртеж |
1. | Заштитна оградаЗОТИПI ). | m´ | Ц .1.I). |
2. | Заштитна ограда ЗО ТИПII). | m´ | Ц.2.II). |
3. | Заштитна оградаЗО ТИП III). | m´ | Ц .3.III). |
4. | Заштитна ограда ЗО ТИП IV). | m´ | Ц .4.IV). |
5. | Заштитна ограда ЗОТИП V). | m´ | Ц. 5.V). |
6. | Заштитна ограда ЗО ТИП VI). | m´ | Ц. 6. VI). |
7. | Заштитна ограда ЗО ТИП VII). | m´ | Ц. 7.VII). |
8. | Заштитна ограда ЗО ТИП VIII). | m´ | Ц. 8. VIII). |
9. | Заштитна ограда ЗО TИП IX). | m´ | Ц.9. IX). |
10. | Заштитна ограда на бетон ЗБТИП X). | m´ | Ц. 10.X). |
11. | Заштитна ограда на бетон ЗБ ТИП XI). | m´ | Ц. 11. XI). |
12. | Заштитна ограда на бетон ЗБТИП XII). | m´ | Ц. 12. XII). |
| Преодна конструкција |
|
|
13. | Преодна конструкција ПK ТИП I). | Парче | Ц. 13.XIII). |
14. | Преодна конструкција ПK ТИП II). | Парче | Ц. 14. XIV). |
15. | Преодна конструкција ПK ТИП III). | Парче | Ц. 15.XV). |
16. | Преодна конструкција ПK ТИП IV). | Парче | Ц. 16.XVI). |
| Завршна конструкција |
|
|
17. | Завршна конструкција ЗК ТИП I). | Парче | Ц. 17.XVII). |
18. | Завршна конструкција ЗК ТИП II). | Парче | Ц. 18.XVIII). |
19. | Завршна конструкција ЗК ТИП III). | Парче | Ц. 19.XIX). |
20. | Завршна конструкција ЗК ТИП IV). | Парче | Ц. 20.XX). |
21. | Завршна конструкција ЗК ТИП V). | Парче | Ц. 21.XXI). |
Р.бр | Браник | Ед.мера | Цртеж |
1. | Заштитна ограда (браник) | парче | Б 1. I). |
Р.бр | Столб |
|
|
1. | Столб C ТИП I). | Парче | С 2.II) |
2. | Столб С ТИП II). | Парче | C 3.III). |
4. | Столб С ТИП III). | Парче | С 4.IV). |
5. | Столб С ТИП IV). | Парче | С 5. V). |
6. | Столб С ТИП V). | Парче | С 6. VI). |
8 | Столб во бетон ТИП C8. VI). | Парче | С 8. VI). |
9 | Столб С 9. IX). | Парче | С 9. IX). |
10 | Столб | Парче | С 10. X). |
| Четириаголни профили |
|
|
11. | Четириаголен профил | Парче | ЧП 11.XI). |
12. | Четириаголен профил за | Парче | ЧП 12.XII). |
| Одстојници |
|
|
13. | Потпорен држач | Парче | ПД 13. XIII). |
14. | Одстојник | Парче | ПД 14. XIV). |
15. | Деформационен држач | Парче | ПД 15. XV). |
| Плочки и спојници |
|
|
16. | Задна плочка M16 | Парче | ЗП 16. XVI). |
17. | Задна плочка M10 | Парче | ЗП 16. XVI). |
18. | Задна плочка 2xM12 | Парче |
|
19. | Плоча за прицврстување на профилот 155/50/10 | Парче | ЗП 16. XVI). |
20. | Стега за столб EDSP | Парче | П 19. XIX). |
21. | Заден спој на профил 4 mm SR | Парче | СС 20. XX). |
22. | Заден спој на профил 3mm SR Eco |
| ЗС 21. XXI). |
| Завртка |
|
|
23. | Завртка (округла глава) со врвка M16x27 4.6 | комплет | ЗС 22. XXII). |
24. | Завртка со врвка M16x45 4.6 | комплет |
|
25. | HRK шестоаголна завртка M16x30 8.8 | комплет |
|
26. | HRK шестоаголна завртка M16x45 8.8 | комплет |
|
27. | Шестоаголна завртка M10x25 4.6 | комплет | ЗВ 23. XXIII). |
28. | Шестоаголна завртка M10x45 4.6 | комплет |
|
29. | Шестоаголна завртка M10x45 8.8 | комплет | ЗВ 23. XXIII). |
30. | Шестоаголна завртка M14x30 4.6 | комплет | ЗВ 25. XXV). |
31. | Анкерна завртка M16x180, 8.8 | комплет | ЗВ 25. XXV). |
МОДЕЛ НА РАМКОВНА СПОГОДБА
СТРАНИ ВО РАМКОВНАТА СПОГОДБА:
1.Јавно претпријатие за одржување на Магистралните и регионалните патишта-Скопје, застапувано од В.Д. директор Костадин Ацевски, во понатамошен текст како Договорен орган
2.,,_______________________,, застапувано од ___________________, во понатамошен текст како Носител на набавката
I ПРЕДМЕТ НА РАМКОВНА СПОГОДБА:
Член 1
Предмет на овој Договор по спроведената Отворена-рамковна постапка за доделување на јавна набавкана стоки бр.---О/2022 е: Еластична ограда комплет, столбови и штрафови заЈавно претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта-Скопје ц.о.
Член 2
Составен дел на овој договор е понудата со усвоените цени од Комисијата за јавни набавки по Оглас за доделување на договор за јавна набавка бр.----О/2022:Еластична ограда комплет, столбови и штрафови заЈавно претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта-Скопје ц.о.и извештајот од Е-аукцијата.
II ВРЕДНОСТ НА РАМКОВНА СПОГОДБА:
Член 3
Вредност на оваа рамковна спогодба за набавка на стоки Еластична ограда комплет со браници, столбови,одстојници и штрафовиe:
Со ДДВ вкупната вредност на рамковната спогодба изнесува ___________(со зборови____________) ден.
III ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА РАМКОВНА СПОГОДБА
Член 4
Рамковната спогодба се склучува за период од 12 месеци
IV ДИНАМИКА И НАЧИН НА ИСПОРАКАТА НА СТОКАТА
Член 5
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 10 (десет) дена од денот на писмената нарачка на Договорниот орган
Нарачката ќе биде направена од страна на Договорниот орган, согласно со потребите на истата во текот на една година од потпишување на овој договор .
Договорниот орган не е во обврска да ја порача и прими целокупната количина наведена во овој договор.
Испораката на материјалите ќе се врши со посебна писмена нарачка на Нарачателот односно Договорниот орган во текот на една година.
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот на следнава локација: Подружница Автопат (Петровец) на Јавно претпријатие за одржување на Магистралните и регионалните патишта-Скопје ц.о.
Член 6
Донесените стоки кои се дадени во барањето на Договорниот орган да го задоволуваат стандардот и квалитетот пропишан за овој вид на производ, дефинирани во тендерската документација и техничката спецификација.
Член 7
Носителот на набавката се обврзува да ја испорача стоката, што се предмет на овој договор по цени кои се во член 3 од рамковата спогодба, а во цената се вкалкулирани сите трошкови од производство до испорака на стоките, давачки за патишта, осигурување, утвор и сите давачки кои ја теретат цената.
V ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ФАКТУРИ
Член 8
Носителот на набавката се обврзува во прилог на фактурите да достави испратници потпишани од определено лице на Јавно претпријатие за одржување на Магистралните и регионалните патишта-Скопје ц.о. Скопје за примените материјали.
Носителот на набавката издава испратница за стварната количина на материјалот.
При изготвување на фактурата , носителот на набавката е должен да ги наведе следните елементи:
-Назив на договорниот орган,место,седиште,даночен број,
-Број и датум на договорот
-Количини со описот на видот на предметот на набавката
-Единечна договорна цена
-Вкупна цена на фактурата
-Валута на плаќање
-Рок на исплата на фактурата
-Прилог кон фактурата уредно заверена и потпишана испратница
Носителот на набавката е должен фактурите да ги доставува во рок од 5(пет) работни дена, со датум на фактура од денот на испорака согласно датумот на испратница.
VI КВАЛИТАТИВНА И КВАНТИТАТИВНА КОНТРОЛА
Член 9
Доколку донесените материјали не ги задоволуваат определените барања во техничката спецификација договорот ќе биде еднострано раскинат.
Член 10
Договорниот орган се обврзува да обезбеди техничко лице кое ќе направи квантитативен прием на испорачаниот материјал, во присуство на овластено лице на Носителот на набавката.
VII ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА РАМКОВНА СПОГОДБА
Член 11
Во случај на доцнење со испораката на стоката, предмет на договорот од страна на Носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна.
Договорната казна се определува во висина на 0,5 ‰ (промили) за секој ден доцнење, но не повеќе од 5% проценти од вредноста на неиспорачаната стока.
Во случај на неиспораки во рамките на рокот утврден во тендерската докуметација, Договорниот орган има право по предходно доставено писмено известување до Носителот на набавката за испорака на стоката, предмет на договорот,во дополнително оставениот рок од 2 (два) дена, да го раскине Договорот со изјава и да склучи Договор со второрангираниот понудувач согласно ЗЈН.
Во случај на став 3 од овој член, Носителот на набавката е должен да му ја надомести штетата на Договорниот орган.
Договорниот орган не може да бара договорна казна поради задоцнување ако го примил исполнувањето на обврската, а без одлагање не му соопштил на Носителот на набавката дека го задржува своето право на договорна казна.
VIII НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член12
Плаќањето ќе сe врши вирмански во рок од ----------дена по доставена фактура за набавка на стоката.
Член13
Економскиот оператор е должен да обезбеди банкова гаранција во висина од 5% од вкупната вредност на договорот за јавна набавка со вклучен ддв за квалитетно извршување на договорот.
Банкарската гаранција се доставува во рок од 7 (седум) работни дена по потпишување на догворот за јавна набавка.
Со денот на доставување на договорот и банковата гаранција до Јавно претпријатие за одржување на Магистралните и регионалните патишта-Скопје ц.о.-Скопје,договорот стапува на сила, односно се одпочнува со реализирање на истиот.
Договорот важи 1 (една) година, или до исполнување на количината наведена во овој договор.
Банкарската гаранција треба да има важност до целосно реализирање на договорот, без разлика дали ќе биде временски или количински исполнет.
Доколку Носителот на набавката не го почитува договорот, истиот ќе биде раскинат и ќе му биде активирана банковата гаранција за квалитетно извршување на договорот, и ќе биде склучен договор со второрангираниот понудувач.
IX ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 14
Доколку Носителот на набавката не го почитува рокот на испораката наведен во член 5 од рамковната спогодба, и доколку испорачаниот материјал не го задоволува квалитетот наведен во член 6 и 7 од рамковната спогодба, рамковната спогодба ќе биде раскината , во согласност со ЗЈН, и ќе биде активирана банковата гаранција за квалитетно извршување на рамковната спогодба.
Член15
За евантуални спорови кои нема да се решат спогодбено или по пат на арбитража, надлежен е Основниот суд Скопје 2 во Скопје.
Член16
Оваа рамковна спогодба е составена во 6(шест) еднообразни примероци, од кои по 3(три ) за секоја договорена страна.
НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА
___________________________________________
___________________________________________
___________________________________________ | ДОГОВОРЕН ОРГАН Јавно претпријатие за одржување на магистралните и регионалнитепатишта-Скопје ц.о В.Д. ДИРЕКТОР Костадин Ацевски
|
Напомена: Приложениот модел на рамковна спогодба не треба да се потпишува електронски и да се доставува со понудата. Истиот се дава само на увид за економските оператори да се запознаат со задолжителните елементи на договорот.
ПРИЛОГ бр.1 - ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 74-О/2022/ објавен од страна на Договорниот орган Јавно претпријатие за одржување на Магистралните и регионалните патишта-Скопје, за доделување на договор за јавна набавка нa стоки:Набавка на еластична ограда комплет, столбови и штрафовисо спроведување на отворена рамковна постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk), и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1 Име на понудувачот: ____________________________________________________
IV.2. Контакт информации
Адреса: ____________________________________________________________
Телефон: ___________________________________________________________
Факс: ______________________________________________________________
Е-пошта: ___________________________________________________________
Лице за контакт: _____________________________________________________
IV.3. Одговорно лице:(Директор, Управител) ___________________________________
IV.4. Даночен број: _________________________________________________________
IV.5. Матичен број: _________________________________________________________
IV.6. Жиро сметка: ____________________ депонент на__________________________
IV.1.7.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на рамковната спогодба за јавна набавка согласно со цените и роковите на испорака дефинирани во Листата на цени и рокови на испорака и плаќање.
IV.1.8. Нашата понудата е составена од следниве делови:
-пополнет образец на понуда составен од општиот дел и листа на цени и рокови на испорака, Прилог бр.1,
- каталог од производителот од заштитната ограда и цртеж од браникот (како доказ дека гредата на заштитната ограда e во согласност со горе наведеното техничко упатство и со цртежите од Техничката спецификација,дадени во прилог).
-пополнет образец на техничка понуда која треба да биде пополнета согласно сите утврдени барања (Прилог бр.2),
-Упатство за вградување
-документација со која се докажува дека не постојат причини за исклучување од постапката во врска со членот 88 од ЗЈН став (1) од Законот за јавните набавки
-документи за утврдување дека не постојат причини за исклучување наведени во потточка 2.3. во врска со членот 88 од ЗЈН став (2)
-доказ/-и за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност (Член 90 од ЗЈН) наведен во точка 2.4.1. (а) од тендерската документација;
-доказ/-и за утврдување на техничка и професионална способност (Член 92 од ЗЈН) наведен во точка 2.4.1. (б) од тендерската документација;
- CE сертификат (издаден од страна на сертификувано тело)
- Извештај од тестот со удар
- DoP (декларација за перформансите на заштитната ограда)
- Важечки FPC (документ за фабричка контрола на производството на заштитната ограда) односно сертификат со извештај (како доказ за обновување на CE сертификатот)
- Стандард MKS EN1317-5 или еквивалент за браникот, столбовите, кутијастите профили и одстојниците (сите клучни елементи на заштитната ограда)
- изјава за сериозност на понудата (Прилог бр.3),
- листа на доверливи информации (Прилог бр.4) ако нема доверливи информации, образецот не мора да се пополнува,
- договор за групна понуда (само за група на економски оператори)
- писмено овластување за претставникот на Понудувачот(Прилог бр.5),
- известување за ангажирани подизведувачи (Прилог бр.6)
IV.1.9. Задолжителенo
- Рок на важност на понудата____________
- Начин и рок на плаќање_______________
- Рок на испорака на стоките _____________
IV.1.10. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 114 од Законот за јавните набавки.
IV.2. ЛИСТА НА ЦЕНИ
Р.Број | Заштитна ограда | Ед.мерка | Единечна цена без ддв |
1. | Заштитна оградаЗО ТИП I ). Ц .1.I). | m´ |
|
2. | Заштитна ограда ЗО ТИП II). Ц. 2.II). | m´ |
|
3. | Заштитна ограда ЗО ТИП III). Ц .3.III). | m´ |
|
4. | Заштитна ограда ЗО ТИП IV). Ц .4.IV). | m´ |
|
5. | Заштитна ограда ЗОТИП V). Ц. 5.V). | m´ |
|
6. | Заштитна ограда ЗО ТИП VI). Ц. 5.V). | m´ |
|
7. | Заштитна ограда ЗО ТИП VII). Ц. 7.VII). Ц. 7.VII). | m´ |
|
8. | Заштитна ограда ЗО ТИП VIII). Ц. 8. VIII). Ц. 8. VIII). | m´ |
|
9. | Заштитна оградаЗО TИП IX). Ц.9. IX). | m´ |
|
10. | Заштитна ограда на бетон ЗБ ТИП X). Ц. 10.X). | m´ |
|
11. | Заштитна ограда на бетон ЗБ ТИП XI). Ц. 11. XI). | m´ |
|
12. | Заштитна ограда на бетонЗБ ТИП XII). Ц. 12. XII). | m´ |
|
| Преодна конструкција | ////////////// |
|
13. | Преодна конструкција ПK ТИП I). Ц. 13.XIII). | Парче |
|
14. | Преодна конструкција ПK ТИП II). Ц. 14. XIV). | Парче |
|
15. | Преодна конструкција ПK ТИП III). Ц. 15.XV). | Парче |
|
16. | Преодна конструкција ПK ТИП IV). Ц. 16.XVI). | Парче |
|
| Завршна конструкција | ///////////// |
|
17. | Завршна конструкција ЗК ТИП I). Ц. 17.XVII). | Парче |
|
18. | Завршна конструкција ЗК ТИП II). Ц. 18.XVIII). | Парче |
|
19. | Завршна конструкција ЗК ТИП III). Ц. 19.XIX). | Парче |
|
20. | Завршна конструкција ЗК ТИП IV). Ц. 20.XX). | Парче |
|
21. | Завршна конструкција ЗК ТИП V). Ц. 21.XXI). | Парче |
|
| Браник | ///////////// |
|
22. | Заштитна ограда (браник) Б 1. I). | Парче |
|
Вкупно единечна цена без ддв |
|
Напомена: Цената на заштитната еластична ограда треба да биде дадена комплет со сите елементи кои одговараат на типот на оградата согласно дадената техничка спецификација и скиците (цртежите) по 1 м’
IV.3. Во прилог ги доставуваме бараните цртежи, каталози, брошури и слично за стоките кои ги нудиме, и тоа:____________________________________________________________________.
*(Во оваа точка, понудувачот треба да го наведе видот на документите кои ги доставува за приказ на стоките што ги нуди).
IV.4. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
IV.5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот нацрт – рамковна спогодба.
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
ПРИЛОГ бр.2 - ТЕХНИЧКА ПОНУДА
За набавка еластична ограда комплет, столбови и штрафови
Барана техничка спецификација | Понудена техничка спецификација |
-Заштитна ограда Заштитна ограда цртеж-ЗО ТИП I ). Заштитна ограда цртеж-ЗО ТИП II). Заштитна ограда цртеж-ЗО ТИП III). Заштитна ограда цртеж-ЗО ТИП IV). Заштитна ограда цртеж-ЗО ТИП V). Заштитна ограда цртеж-ЗО ТИП VI). Заштитна ограда цртеж-ЗО ТИП VII). Заштитна ограда цртеж-ЗО ТИП VIII). Заштитна ограда цртеж-ЗО TИП IX). Заштитна ограда на бетон цртеж-ЗБ ТИП X). Заштитна ограда на бетон цртеж-ЗБ ТИП XI). Заштитна ограда на бетон цртеж-ЗБ ТИП XII). -Преодна конструкција Преодна конструкција цртеж-ПK ТИП I). Преодна конструкција цртеж-ПK ТИП II). Преодна конструкција цртеж-ПK ТИП III). Преодна конструкција цртеж-ПK ТИП IV). -Завршна конструкција Завршна конструкција цртеж-ЗК ТИП I). Завршна конструкција цртеж-ЗК ТИП II). Завршна конструкција цртеж-ЗК ТИП III). Завршна конструкција цртеж- ЗК ТИП IV). Завршна конструкција цртеж-ЗК ТИП V). -Браник Заштитна ограда (браник) -Столб Столб цртеж-C ТИП I). Столб цртеж-С ТИП II). Столб цртеж-С ТИП III). Столб цртеж-С ТИП IV). Столб цртеж-С ТИП V). Столб за во бетон цртеж-ТИП C8. VI). Столб цртеж-С 9. IX). Столб цртеж- С 10. X). Четириаголни профили Четириаголен профил цртеж-ЧП 11.XI) Четириаголен профил цртеж-ЧП 12XII) Одстојници Потпорен држач цртеж-ПД 13. XIII) Одстојник цртеж-ПД 14. XIV) Деформационен држач цртеж-ПД 15. XV) Плочки и спојници Задна плочка M16 цртеж-ЗП 16. XVI) Задна плочка M10 цртеж-ЗП 16. XVI) Задна плочка 2xM12 цртеж-ЗП 16. XVI) Плоча за прицврстување на профилот 155/50/10 цртеж-П 19. XIX) Стега за столб EDSP цртеж- CC 20. XX) Заден спој на профил 4 mm SR цртеж-ЗC 21. XXI) Заден спој на профил 3mm SR Eco цртеж-ЗC 22. XXII) -Завртка Завртка (округла глава) со врвка M16x27 4.6 цртеж-ЗB 23. XXIII) Завртка со врвка M16x45 4.6 цртеж-ЗB 23. XXIII) HRK шестоаголна завртка M16x30 8.8 цртеж-ЗB 25. XXV) HRK шестоаголна завртка M16x45 8.8 Шестоаголна завртка M10x25 4.6 Шестоаголна завртка M10x45 4.6 Шестоаголна завртка M10x45 8.8 Шестоаголна завртка M14x30 4.6 Анкерна завртка M16x180, 8.8 |
|
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (потпис) |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
ПРИЛОГ бр. 3 - ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
Понудувачот __________________________________________ [назив на економскиот оператор], како учесник во постапката за набавка на стоки - ЕЛАСТИЧНА ОГРАДА КОМПЛЕТ, СТОЛБОВИ И ШТРАФОВИ која се спроведува по оглас за јавна набавка број 74-О/2022, објавен од страна на ______________________, врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, со оваа изјава потврдува дека:
Во име и за сметка на понудувaчот ______________________________
Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице*_______________________________
(потпис)
Место и датум ______________________________
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификувансертификатзаелектронскипотписчиј носител е одговорното лице или лице овластено од него. Доколку Изјавата ја дава овластеното лице во прилог да се достави овластувањето
ПРИЛОГ бр.4 - ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи
| Бројот на страниците со тие информации | Причини за доверливост на тие информации |
Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице
___________________________ (потпис) |
* Образецот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
ПРИЛОГ бр.5 - ПИСМЕНО ОВЛАСТУВАЊЕ
ОВЛАСТУВАЊЕ
Лицето ___________________________________________________________________
(име и презиме)
вработено во ______________________________________________________________
на функција ______________________________________________________________
е овластено, без ограничувања, да ги превзема сите дејствија во име на Понудувачот, во отворена рамковна постапка бр.74- О/2022,ЕСЈН бр. ___________за јавна набавка настоки:
ЕЛАСТИЧНА ОГРАДА КОМПЛЕТ, СТОЛБОВИ И ШТРАФОВИ
,
вклучувајќи го и ЕЛЕКТРОНСКОТО потпишување на целокупната Тендерска документација.
Потписот на лицето кое се овластува e: ________________________________
Потпис на раководниот орган кој го издал овластувањето
____________________________________
____________________________________
(име, презиме, функција)
* НАПОМЕНА: Овластувањето се дава доколку Понудата и целокупната документација се потпишуваат од страна на лице кое не е одговорно лице (Управител/Директор) на економскиот оператор.
Овластувањето потпишано од одговорно лице (Управител/Директор) на економскиот оператор, економскиот оператор го скенира и како такво го прикачува со понудената документација и електронски се потпишува.
ПРИЛОГ бр. 6 - ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АНГАЖИРАНИ ПОДИЗВЕДУВАЧИ
За оглас бр.__________________
Ред.
| Подизведувач | Адреса, одговорно лице и контакти на подизведувачот | Опис на делот кој се дава на подизведувачот | % од вкупната вредност на понудата | Вредност на делот |
1
|
|
|
|
|
|
2
|
|
|
|
|
|
3
|
|
|
|
|
|
Набавувачот има право да изврши контрола на веродостојноста на дадените податоци.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице
___________________________ (потпис) |
* Известувањето а се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потписчиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
1
[1]Електронскосредствово кое се јавува електронскиот потпис и кое го заменува своерачниот потпис.
[2]Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
[3]На почетната страна на ЕСЈНво делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.